Јуве и Рома атакуваат на нови три бода

Предноста на домашниот терен треба да се покаже како пресудна кога се во прашање денешните натпревари од 20. коло во италијанската Серија А.

Актуелниот шампион и лидер на табелата, тимот на Јувентус важи за апсолутен фаворит во дуелот со секогаш непредвидливата екипа на Сампдорија која игра далеку подобро откако во жешкото тренерско столче седна поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, Синиша Михајловиќ.

Новајлијата во елитното друштво, тимот на Ливорно, би требало да биде лесно премостлива пречка за моментално второпласираниот тим на табелата, Рома.