Актуелниот италијански фудбалски шампион Јувентус во дербито на 18-то коло на Серија А пред својата публика ја совлада Рома со 1:0 (1:0), додека Милан им приреди уште едно разочарување на своите навивачи откако дома беше поразен од Аталанта со 0:2.
Единствениот гол на мечот во Торино, но вреден големи три бода во трката за титулата, го постигна Мехди Бенатиа уште во 18 минута од дербито.
Второпласираниот Јувентис со оваа победа повторно му се доближи на водечкиот Наполи на само еден бод заостанување. Наполи има 45 а Јуве 44 бодови, трет е Интер со 40, а четврта остана Рома со 38 бодови и меч помалку.
Претходно во саботата екипата од Бергамо на „Сан Сиро“ го совлада Милан со по еден погодок во секое полувреме. Стрелци за Аталанта беа Брајан Крисстанте во 32-та и Јосип Иличич во 71 минута. Аталанта со новите три бодови скокна на седмото место со 27 бодови, колку има и шестата Сампдорија, додека Милан падна на 11-та позиција со 24 бодови.
По раната попладневна програма во Серија А, водечкиот тим во италијанскиот фудбалски шампионат Наполи оствари нова победа во саботата совладувајќи ја свој терен во 18-то коло Сампдорија со 3:2, резултат постигна уште во првото полувреме.
Третопласираниот Интер го доживеа вториот последователен пораз откако во првите 16 кола немаше загубено меч. Откако минатиот викенд загуби на домашен терен од Удинезе, во самотата „нероазурите“ беа совладани на гостувањето кај Сасуоло. Домашните славеа минимално а единствениот погодок на дуелот го постигна Деиго Фалчинели во 34 минута. Интер не искористи пенал во 49 минута, кога обидот на Икарди го одбрани Консиљи.