Од Обединетите Нации соопштија дека илјадници луѓе го напуштаат провинцискио град Бор поради крвавите судири во Јужен Судан.
Во соопштението на ОН се наведува дека илјадници луѓе побегнале од Бор кој е центар на крвавите судири меѓу бунтовниците и војската.
Од 8.000 минатата недела, бројот на луѓе кои побарале засолниште во објектите на ОН се искачил на 17.000.
Докторите без граници соопштија дека илјадници луѓе пристигнале од Бор и во Авериал, во соседната провинција Лејкс.
Бор стана центар на крвавиот судир меѓу силите на претседателот Салва Кир и неговиот поранешен потпретседател Риек Мачар, во кој досега загинаа повеќе од 1.000 лица.
Извидувачки авиони на ОН северно од Бор забележиле „големи групи“ вооружени борци и војници кои дезертирале од редовите на силите лојални на Кир.