Јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин ќе се сретне во саботата со севернокорејскиот формален претседател Ким Јонг-нам и со сестрата на неприкосновениот водач Ким Џонг-ун по повод отворањето на Зимските олимписки игри, што се нов доказ за приближувањето на двете Кореи, објави во четвртокот официјален Сеул.
Мун ќе има работен ручек со севернокорејската делегација на игрити, изави претставникот на Сината куќа, резиденцијата на јужнокорејскиот претседател.
Во делегегацијата ќе биде Ким Јонг-нам кој ги извршува почесните должности во севернокорејскиот државен врв и којшто според протоколот ќе биде највисокиот функционер на Северна Кореја кој допатувал во посета на Јужна Кореја по завршрувањето на Корејската војна од 1950 до 1953 година. Покрај него, присутна ќе биде и Ким Јо-џонг, помладата сестра на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун којашто станува се’ повлијателна во врвот на власта во Пјонгјанг.
„Претседателот Мун ќе ја прими севернокорејската делагација и ќе руча со нив на 10-ти февруари“, изјави за новинарите Кјон Еуи-кјеом, без да открие каде ќе се одржи ручекот.
Официјалната јужнокорејска новинска агенција Yonhap пишува дека Ким Јо-џонг, најверојатно ќе му ја пренесе на јужнокорејскиот претседаетел личната порака од нејзиниот брат.
Посетата на севернокорејската делегација претставува дипломатска кулминација на затоплувањето на двостраните меѓукорејски врски по повод зимските олимписки игри кои се одржуваат во јужнокорејски Пјонгчанг. Делегенцијата на Пјонгјанг ќе слета во петок на аеродромот Инчеон, близу Сеул, а би требало да учествува на свеченото отворање на игрите, на коешто ќе биде присутен и американскиот потпретседател Мајк Пенс.