Преживеа повеќе од 2200 години , но Кинескиот ѕид сега е во опасност од уништување.
Сепак, туристите не се виновни за тоа. Земјоделците полека но сигурно го „рушат“ најголемото градежно здание кое е подигнато со човечка рака.
„Скоро една третина од ѕидот е оштетена или уништена“, вели Ли Лин од Кинеското друштво за зачувување на Кинескиот ѕид.
Оваа состојба ја предизвикале земјоделците кои живеат во близина на зданието бидејќи користат материјали од ѕидот за изградба на патишта, засолништва, патеки, па дури и поправка на домови.
Законите кои што го штитат овој споменик е изграден во време на владеење на династијата Минг, усвоени во 2006 година, но не се адекватно применети во руралните подрачја. Делови од ѕидот во близина на Пекинг и туристичките центри се зачувани, па дури и обновени, но во најсиромашните делови од земјата ситуацијата е сосема поинаква.
Кинескиот ѕид е направен од камења, цигли, дрва и други материјали.