Ќерките на Санадер одбија да сведочат против татка си

Бруна и Петра Санадер на суд се повикани бидејќи се опфатени со таканаречениот предлог за проширено одземање на имотна корист, односно по покренување на казнена постапка против нивниот татко, осомничен за корупција, се блокирани и нивните банкарски сметки.

На сметките на Петра Санадер се блокирани вкупно 58.000 евра, илјада франци и 39.600 долари. Таа дошла на суд од Америка, и иако не сведочела, има право на надокнада на патни трошоци.

Нејзината помлада сестра, по професија докторка, на своите сметки имала нешто повеќе од 34.000 евра, илјада франци и 925 долари.