
Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против К.С.(36) од Радовиш, поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 26.03.2019, при претрес во домот на пријавениот од страна на полициски службеници била пронајдена и одземена марихуана“, информираат од МВР.