Кај скопјанец пронајдени амфетамин, кокаин, марихуана и хашиш смола

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.К.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 09.12.2022 на ул„11-Октомври“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени амфетамин, кокаин, марихуана и хашиш смола.