Кај заробен британски платеник во Доњец најдени координати за масовна гробница

Координати на место на масовна гробница, веројатно на цивили, се пронајдени во дневникот на британскиот платеник Ендрју Хил, кој бил заробени од руските единици во текот на борбените операции на југот на Украина, јави дописникот на агенцијата РИА.

„Исток или југ. Масовна гробница на 280 цивили (со координати 50.521318; 30.204626) (…) Сѐ уште нема приход, заштедите пресушуваат“, било запишано на една од страниците на дневникот на милитантот во кој увид имал репортерот на агенцијата.

Според онлајн мапите на Google, наведени координати одговарале на локацијата Украина, регионот на Киев, меѓу градовите Ирпин и Буча (всушност, предградија на украинската престолнина), можно улицата „Вокзалната“ (VAGZALNAJA) во Ирпин, според агенцијата.

Кога точно е направена белешката не е наведено во дневникот, се забележува во информацијата.

Руските трупи по инвазијата во Украина дел од своите единици насочија кон Киев и запреа пред неговите предградија. Ирпин, според тврдењето на руското министерство за одбрана, никогаш не бил под контрола на руските соли, кои неколку дена по повлекувањето од Буча, пак, беа обвинети за наводно масовно убивање на тамошните цивили, што Москва го отфрла како провокација од Киев со помош на медиумите од неговите западни сојузници.

Против британскиот платеник Ендрју Хил, како и уште двајца припадници на ткн Странски легион во Украина, властите на самопрогласената проруска источна Доњецка Народна Република започнаа кривична постапка. Тие се изведени пред суд по повеќе челнови на обвинението, меѓу кои и „извршување кривично дело на група лица“, „насилно преземање на власта или насилно држење на власта“ и „наемништво“.

Истрагата на сепаратистичките тела тврди дека утврдила дека обвинетите, за надомест, учествувале на украинските сили во операцијата за „насилно преземање на власта во Доњецката Народна Република“, за што според судовите во Доњецк, може да бидат осуден на смртна казна.