Во Собранието денеска се расправа за избор на уставен судија, а од страна Судскиот совет е предложена Добрила Кацарска, на што опозициската ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше, а тоа го изрази на доста инвентивен начин.
Претходно координаторот на партеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски истакна дека Судскиот совет и владејачкото мнозинство не се одважиле да образложат зошто Добрила Кацарска е предложена за уставен судија.
„Ова што денеска го промовирате е лоша пракса, зашто бирањето уставен судија не е бирање судија во втора лига фудбал“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешното продолжение на 20. собраниска седница.
Мицевски во процедурална забелешка координаторот истакна дека поради сериозноста на изборот на уставен судија, очекувал за Добрила Кацарска да проговори барем претседателот на Судскиот совет.
-Навистина очекував дека ќе слушнеме нешто повеќе за Кацарска наместо приложеново, извадено од Службен весник. Пред нас имаме буквално само одлуки, податоци од Службен весник и ниту збор повеќе за работата, кариерата, напредокот, позитивните и негативните страни на Кацарска, позитивните и негативните одлуки, како и позитивните и негативните рецнзии за неа. Зачудувачки е како може да дозволиме некои работи да поминуваат така во државава. Очекував барем претседателот на Судскиот совет да ја каже биографијата на Кацарска за да дискутираме како пратеници. Срамота, рече Мицевски.
На пораките од собраниската сала може да се видат паролите „Кцарска судство + Рускоска обвинителство = Мафија на Заев“, „Уставен не смее да стане Кацарска судство“, „Кацарска извршител на мафијата, Кацарска значи неправда“, „Стоп за трас-трас уставен судија“, „Награда за невини во затвор е Кацарска уставен судија“, „Уставен пресуди Кацрска суди противуставно“.