Во текот на ноќта времето во западните делови од Македонија беше облачно, додека во источните делови на повеќето места имаше мала до умерена облачност со слаб јужен ветер, по котлините имаше појава на слаба магла, а во изминатите 24 часа не беа регистрирани врнежи.
Најстудено било во Берово со измерени минус шест степени, во Струмица и Скопје Петровец се измерени минус четири, минус три во Гевгелија и Демир Капија, минус два во Штип, Куманово, Скопје, Крива Паланка и Битола, нула во Тетово, еден во Крушево, два во Виница, Ѓуриште, Прилеп и Маврово, три во Тополчани, Дојран, четири во Претор и Охрид до пет степени во Дебар и Пожаране.
Времето во сабота ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат позастапени во западните делови од земјата. Кон крајот на денот и преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират.