![Gjorgji-Ilievski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/Gjorgji-Ilievski.jpg?resize=640%2C414&ssl=1)
Пред неколку дена, односно на 05.04.2022 година, се одбележа Меѓународниот ден на совеста, ден што треба да ги потсети луѓето да ја следат својата совест и да прават исправни работи. Ова секако важи и за оние кои раководат со институциите во нашето општество, каква е нивната совест, дали имаат совест нашите функционери кои раководат во Македонија. Со други зборови, ненавлегувајќи во историјата, но повеќе извори тврдат дека совеста е потреба да се придржуваат кон ЕТИЧКИТЕ СТАНДАРДИ формирана во една општествена средина во која едно лице израснува и делува.
Па, сакам да Ве прашам: Вас, министер за правда Никола Тупанчески „непартиска личност“ исто и Вас претседателе на Основниот суд Кавадарци – Лазар Нанев „непартиска личност“, а да не ја заборавам и онаа од поранешното СЈО, сега Виш јавен обвинител Фатиме Фетаи и вие како „непартиска личност“ каде ви е СОВЕСТА, КАДЕ ВИ Е ПОЛИТИЧКАТА ОДГОВОРНОСТ!!??
Па, почитувани мои читатели, почитувана МОЈА МАКЕДОНИЈО!
Жално, ама вистинито. Ехото на демократијата во нашата држава исчезна во темнината на политичката диктатура на власта. Како демонска сила ги покри нежните цветови на демократијата и засекогаш ги обои со црна боја. Сивилото насекаде е присутно околу нас и во нас. Сведоци бевме на една мала драмолетка, забава од Италија до Порто, видовме многу убави фотографии од стадионите… Да! ниту Нанев, ниту Тупанчески, ниту пак Фатиме беа таму службено (што е и единствена точна информација во нивната изјава!!!), но ќе се согласите дека беа облечени како да се на седница, со костуми, со вратоврски што е надвор од спортската логика и дух. А, отишле да навиваат за Македонија, онака скоцкани како за присуство на седница на Влада. Дали тоа значи дека тие набрзина од удобните министерски и останати службени фотелји како што биле облечени додека биле на работа, заминале на навивачки пат??? Се е можно!!!
Сите тројца дадоа изјави и депонираа документи post festum, со датуми отпосле, а за некои привелигии и удобности и немаа доказ (авионски билети, сметка за сместување во ложата итн.). Каков пропуст на овие омилени ликови од нашата извршна, судска и обвинителска власт. На едно место судија и претседател на суд, министер за правда и обвинител. Се’ како што е пропишано во Уставот за поделба на власта како услов за демократијата. А, професоре Тупанчески, така ли е пропишано во Уставот??? Професоре Нанев, така ли ги учите студентите за тоа како се практикува принципот на поделба на власта??? Директно преку учество на фудбалски стадион, во форма на навивачка публика.
Многу поголем срам е и средбата помеѓу Вицепремиерката Славица Грковска, која упати писмо за отчет од министерот??? Грковска без грам срам, непосредно пред да му ја изрече ОПОМЕНАТА, седна на маса со министерот Тупанчески наводно на средба со службен карактер??? Грковска со тоа јавно кажа дека нема да побара оставка од Тупанчески, јасно кажа дека ќе го заштити и дека и е удобно да седи со човек кој треба да понесе одговорност. Невидена работа! Грковска веројатно треба да посети курс за одговорно и отчетно работење, да сфати дека и да е министерот нема потреба да седнува на иста маса барем додека трае постапката за отчетност, а и после тоа. Моралните вредности се бараат во работењето на носителите на власта. Да, нив ги бараме ние гласачите, демократската јавност. Но, ги нема, тажни сме заради тоа.
Каде е Судскиот совет, каде е Советот на јавни обвинители??? Кого штитат??? Во овој случај се покажа како страшна вистина дека оние кои се должни да се грижат за етичките и моралните вредности се заспани, во длабок зимски сон.
Несомнено, оваа демократска голгота ќе продложи. Повикот на американската амбасадорка за ниското ниво на доверба во судството, почитуваната госпоѓа Брнз очекуваме да придонесе да се променат работите на подобро. Нема друго очекување, нема друг излез. Само со влијание може да се очекува да се променат работите. Да, влијанието на демократската јавност на избори. Овие афери колку и да ги прикриваат и покриваат од СДСМ, еден ден ќе им се вратат како бумеранг со уште поголемо незадоволство кај граѓаните на изборите. А, нели Тупанчески се декларира дека не е од оваа партија, туку како професор и експерт, исто ли се однесува и за Нанев??? Времето ќе покаже!!!
П.С. Вицепремиерке Грковска, дали му дадовте опомена на генсекот Мухамед Зеќири, пред да замине во притвор! После сето ова, примерно е да си дадете оставка, како што си направи кумството на Заев!
Доставено и до сите амбасади!!!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес