Каде отидоа 90-те милиони евра заем наменети за здравството кои беа гласани во Собрание?

Речиси цел месец  поставував прашања за заемот од скоро 90 милиони евра од коишто 32 милиони евра требаше да одат во здравство, околу 11 милиони евра за ФЗО, останатите за здравствените институции, а останатит дел од 55-56 милиони евра требаше да одат на сметка на труд и социјала, ниту министерот за финансии, ниту заменикот министер не дадоа одговор за каде се овие средства во буџетот кога истиот беше разгледан, праша Рашела Мизрахи пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва на Канал 5 телевизија.

Мизрахи вели дека чека одговор од декември месец.

„Тие велат дека до март ќе го добие одговорот, но дека како пратеници се уште не знаат каде отидоа 90-те милиони евра за коишто гласаа во Собранието, а буџетска ставка за тоа немало“, рече Мизрахи.