Кадетите пружија силен отпор на фаворитот Шпанија на ЕП во Италија

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години одигра во навистина одлично светло на отворањето на Европското првенство во Италија, но немаше среќа во самата завршница против фаворизираната селекција на Шпанија.

„Фуријата“ доста тесно успеа да го скрши отпорот на нашите надежи, победувајќи со 61-57 во меч на кој на една минута пред крајот, Македонија имаше напад за израмнување. При резултат 59-56, „црвено-жолтите“ имаа напад за изедначување во завршните 60 секунди, но откако не го искористија истиот, уфрлија едно слободно фрлање со кое намаливме само на минус два. Во продолжение, Шпанците погодија две слободни фрлања со кои беше затворен мечот, и така остварија далеку потешка победа од очекуваното.

Андреј Митевски со 18 поени е најдобар поединец во нашата селекција, потоа Теодор Симиќ кој мечот го заврши со 11 поени. Следен противник на Европското првенство до 16 години ќе ни биде репрезентацијата на Израел.