Маја Кадиевска Војновиќ преку социјалната мрежа „Linkedin“ пишува дека јавните здравствени установи должат нови 58 милиони евра од КОВИД кризата и прашува каде отидоа парите за кои се задолжувавме, а беа наменети за справуванје со КОВИД кризата?
„Внатрешниот долг на државата на крај на септември 2022 година е 407 милиони евра (раст од ковид-19 наваму за 131 мил.евра)
Државата должи на приватниот сектор 207 милиони евра (раст од ковид-19 наваму за 88 мил.евра).
Јавните здравствени установи должат 104 мил. евра (раст од ковид-19 наваму за 58 мил.евра).
Прашање: каде отидоа за ковид парите ако толку се кумулирал долг во здравството? Нели се задолжувавме за помош на здравство?“, стои во нејзиниот пост.