3.8 C
Skopje
понеделник, ноември 18, 2024

Кадиевска Војновиќ: Предложената даночна реформа е првата сметка која се префрла на товар на бизнисот и граѓаните од недомаќинското работење на владата

ВМРО-ДПМНЕ објаснија зошто се против даночните реформи кои ги предлага владата. На денешната пред-конференција аргументите на партијата ги образложи членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска Војновиќ.

Во услови на тешка енергетска криза којашто го крахира бизнисот и домашните буџети на домаќинствата, во услови на галопирачна инфлација којашто го јаде животниот стандард на населението, ние како одговорна опозиција, како најголема политичка партија во Република Македонија ја прифативме поканата на министерот за финансии да дискутираме за даночните реформи и да ги искажеме нашите аргументи зошто сме против предложениот концепт на даночните реформи и да укажеме дека доколку оваа Влада и ова парламентарно мнозинство ги донесе истите, дека по промена на власта нема да живеаат никаква иднина.

Кои се нашите аргументи?

1. Предложениот концепт не можеме да го наречеме даночна реформа, од причина што истиот нема стратегиски пристап. Министерството за финансии го оценува само фискалниот ефект од концептот реформа, меѓутоа но не го оценува севкупниот економски ефект. Промените во даночната политика може да дестимулираат одредени сектори, може да доведат до намалени добивки, намалени приливи, намалени инвестиции, намален расположливиот доход на населението и крајно – намалена основа за одданочување. Уште повеќе, измените во даночната политика може да имаат негативно мултипликативно влијание врз економијата, од причина што неоценетото однесувањето на деловните субјекти можеби да се прелеат од еден кон друг сектор во економијата.

2. Второ, втор аргумент. Предложениот концепт ниту ќе обезбеди поголема праведност, ниту ефикасност во оданочувањето, ниту ќе ја намали сивата економија. ВМРО-ДПМНЕ смета дека предложената даночна реформа е во корист на неплаќачите на данок, а е на штета на легалните бизниси и на легалниот доход односно (заштеди) на граѓаните и со истата не се намалува даночната евазија, ниту пак се постигнува правичен и ефикасен даночен систем. Ако Владата навистина сака да воспостави систем на правичност и ефикасност во одданочувањето треба да започне од одданочување на сивата економија. Загубата на даночни приходи во Македонија произлегува од високата сива економија, а не од т.н. даночни расходи односно од даночните ослободувања или стимулации. Сивата економија, којашто не е одданочена според различни мерења се движи во интервал од 20-40% од БДП. Но, вистинската борба со сивата економија од страна на оваа Влада не постои. Стратегијата за формализирање на неформалната економија којшто беше изработена уште во 2018-та и го опфати периодот од 2018-2022. Никој не знае до каде е спроведена, внимавајте веќе се поминати пет години, а немаме никакви ефекти од оваа стратегија. Сивата економија ја има во ненаплатата на данокот на додадена вредност, во ненаплата на данокот на имот и во високата употреба на кешот којшто е во секојдевното живеење. Само за илустрација, приходите од данокот на имот во 2021 година се само 64 милиона евра или 0,6% од БДП, а неговата наплата значајно се разликува по општини. Постојат општини кадешто воопшто не се наплаќа данокот на имот, меѓутоа постојат и општини со висока наплата на данокот на имот по глава на жител. Затоа ние сметаме дека проширувањето на даночната основа треба да започне од тука, а не од категориите опфатени со концептот на даночна реформа.

Даночите измени се однесуваат на:

1. Фирмите, воопшто и посебно за микро и малите трговци;
2. Населението – односно на расположливиот доход на населението и вработувањата;
3. Осигурителен сектор;
4. Банкарски сектор;