Раководните лица на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед најпосле покажаа подготвеност за да му ја исполнат најголемата желба на актуелниот тренер на германскиот бундеслигаш, Борусија од Дортмунд, Јурген Клоп.
Контроверзниот стручњак веќе неколку месеци изјавува дека сака повторно да ги има на располагање услугите на јапонскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Шинји Кагава.
Големата желба на Клоп може да стане реалност само доколку во обратната насока се упати стандардниот првотимец во дресот на Борусија од Дортмунд, Марко Ројс.
Освен Кагава, челниците на Јунајтед се подготвени да одвојат и околу 10 мил. евра за репрезентативецот на Германија.