Грчката полиција соопшти во петокот дека во близина на Солун уапсила возач кој превезувал 13 илегални имигранти натискани во лажно комбе за итна медицинска помош.
Полицијата тргнала во потера по 58-годишниот возач забележан крај Солун, при што и лажното санитетско возило, со обележја како вистинско комбе на итната медицинска помош, и полициските возила имале вклучени ротациски светла.
Се појаснува дека полицијата добила дојави за необично возило на итната помош на автопатот, по што нејзини единици тргнале да го пресретнат.
Во Грција речиси секојдневно се фаќаат криумчари на имигранти. Бегалците, главно од Блискиот и Далечниот исток, продожија преку копно и море и натаму пристигнуваат преку Турција на грчка територија, со надеж дека на крајот ќе стасаат и до богатите европски земји. Притоа често плаќаат големи суми на криумчарите за несигурниот пат и го ризикуваат својот живот за да ја остварат својата цел.