Бразилскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Рикардо Кака, откри дека најголемата ѕвезда во дресот на Реал (М), Кристијано Роналдо е најдобриот фудбалер со кого играл во ист тим.
„Кои се најдобрите фудбалери против кои сум играл? Дефинитивно Зинедин Зидан и Лионел Меси. Кој е најдобриот со кого сум играл во ист дрес? Без конкуренција, Кристијано Роналдо. Според мене, најдобар дефанзивец на сите времиња е Паоло Малдини”, изјави Кака.
Искусниот играч за врска откри и дека има одлична соработка со новиот предводник на “росонерите”, легендарниот репрезентативец на Холандија, Кларенс Сидорф.
„За прв пат во мојата кариера сум трениран од поранешен соиграч. Многу сум среќен, имам одлична соработка со Сидорф кој сигурно ќе израсне во голем тренер. Јас не сакам да бидам тренер кога ќе ја завршам мојата фудбалска кариера. Не знам дали ќе ми недостасува фудбалската игра”, изјави бразилскиот интернационалец.