Поранешниот репрезентативец на Бразил, Рикардо Кака, во следните неколку сезони ќе го носи дресот на новиот американски прволигаш Орландо Сити.
Веданш откако ја прекина соработката со италијанскиот калчо гигант Милан, искусниот играч за врска и официјално беше претставен како најголема аквизиција на клубот од Флорида.
Пред да се пресели во САД, искусниот играч за врска ќе одигра неколку натпревари како позајмен фудбалер во дресот на бразилскиот прволигаш Сао Пауло.
„Донесов одлука дека сега е вистинскиот момент за преселба во Америка. Прво ќе одиграм неколку натпревари во дресот на Сао Пауло, а потоа ќе се преселам во Орландо. Многу сум среќен, по пауза од многу години повторно ќе го облечам дресот на мојот матичен клуб. Не си заминам од Милано поради неиграњето во Лигата на шампиони, си заминав поради други причини. Секогаш ќе бидам фан на Милан. Никогаш повеќе нема да го носам дресот со бројот 22, тој број е само за Милан”, изјави Кака.