Долги години во нашата јавност постои една перцепција дека САД во регионот и кај нас, повеќе ги поддржува Албанците од другите. Од она што го знам и истражувам, САД никогаш не бил проалбански и никогаш не биле антимакедонски во своето постапување и секогаш ги следеле своите национални интереси, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната конференција со наслов „Односите на Соединетите Американски Држави и Северна Македонија во ера на геополитички превирања“ во организација на Претседателскиот центар за политичко образование.
Шефот на државата истакна дека национален интерес на Америка е Балканот да биде стабилен, а со тоа и стабилна Македонија.
-Прво ги интересира Македонија да биде во овие граници уште од времето на распадот на Југославија, второ да биде демократија, а да не оди кон диктатура и трето Македонија да биде функционална и мултиетничка демократија, што е концептот кој што беше промовиран Охридскиот рамковен договор, кажа Пендаровски.
Претседателот исто така произнесе интересен податок како одговор на новинарско прашање.
-Америка има црна листа од 2201 година. Над 90% од имињата на листата се Албанци. Како тогаш Американците се проалбански?, праша Пендаровски.