Од денес сите млади лица до 35 години кои сеуште не го решиле станбеното прашање може да аплицираат за проектот „Купи куќа за млади“. Апликациите за проектот се доставуваат до 8-те комерцијални банки кои учествуваат во проектот: Стопанска банка, НЛБ, Охридска банка, Стопанка банка Битола, ТТК, Прокредит, Шпаркасе и Алфа.
За да може да се аплицира за проектот „Купи куќа за млади“ лицето треба да ги исполни следните услови:
-Да нема повеќе од 35 години
-Да одговара на критериумите за добивање кредит за куќа пропишани од банката
-Платите на лицето кое аплицира и на брачниот другар да бидат ПОМАЛИ од 1.300 евра, или доколку лицето не е во брак платата да биде ПОМАЛА од 900 евра
-Да нема друг стан или куќа на свое име или доколку е во брак и на име на брачниот другар
-Да нема подигнато друг станбен кредит
-Рокот на отплата на кредитот да е најмалку 20 години (со можност за отплата по 12 година)
Доколку лицето одговара на условите, постапката за аплицирање е следна:
– Лицето треба да обезбеди плац, или доколку прави надградба/доградба треба да обезбеди согласност од сопственикот на куќата дека може да надградува/доградува
– Лицето треба да обезбеди идеен и изведбен проект за изградба на куќата – бесплатни проекти за куќи од 60, 80, 100, 120, 150 и 180 метри квадратни може да добие од Министерството за транспорт и врски
– Треба да извади градежна дозвола
– Треба да склучи преддоговор со градежник изведувач
– Треба да поднесе апликација во банка
Младите можат да бираат помеѓу два модела од проектот „Купи куќа за млади“:
- Субвенција на рата: Преку овој модел граѓанинот може да ја поддршката од Владата за отплата на месечната рата на кредитот за куќа (главнина и камата), и тоа: Владата плаќа 80% од месечната рата во првите 8 години и 50% во 9,10 и 11 година од периодот на отплата.
Каматни стапки:
-3,95% за првите 3 години
-4,44% за 4 и 5 година
-по 5 година каматата ја одредува банката, но не смее да биде повисока од пазарната.
2.Субвенција на учество: Преку овој модел младите можат да ја искористат поддршката од Владата за отплата на ЦЕЛОТО УЧЕСТВО (25% од кредитот).
Каматната стапка е фиксна за цело време на отплата на кредитот, односно 6-месечен ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени.
Дополнително се заштедува од 2.000 до 3.000 евра со повластените каматни стапки.