Како да го поправите сексуалниот живот?

Некои луѓе постојано се незадоволни од својот сексуален живот. Најдобар пример за тоа е дека само 25 отсто од жените доживуваат оргазам за време на сексот со партнерот.

Причина за тоа е фактот што ниту мажите, ниту жените не сакаат себе и на другите да им признаат дека имаат проблем.
Никој не сака да се откаже од „традиционалниот“ начин на постигнување оргазам, ниту да го прифатат фактот дека симултани оргазми се случуваат исклучително ретко.

Наместо да „трчаат“ за таков вид задоволство, партнерите би требало да се сосредочат на тоа оргазмот да го направат што поинтезивен и пријатен, кога и да се случи тој.

Еве како може да се постигне тоа:

Дајте и’ предност на дамата

На жените им е потребно многу повеќе отколку на мажите за да постигнат предоргазмична фаза, па би требало да ја продолжите предиграта, пред да се вклучите во „интензивната“ фаза од односите.

И на мажите им е потребна предигра

Иако некои мажи сметаат дека предиграта е губење време, неодамнешно истражување објавено во „Журнал на сексуални истражувања“, открива дека двата пола имаат највозбудлив оргазам кога желбата постепено расте, а оргазмот се одложува и до неколку пати пред вистинската завршница.

Променете ја позата

Пробајте различни начини на водење љубов, бидејќи така можеби ќе најдете позиција во која полесно ќе постигнете оргазам. Исто така, не плашете се да употребите помагала, но и раце, јазик и се’ останато на што двајцата ќе се согласите.

Кажете нешто

Опиштете му на партнерот/партнерката за што фантазирате за време на сексот, кажете како се чувствувате додека нешто правите. Не мора да користите псовки, но секој збор може дополнително „да го поправи расположението“.

Не пијте

Иако алкохолот ќе ве опушти и можеби ќе го зголеми либидото, тој ги умртвува нервните завршетоци и го чинат оргазмот далеку помалку можен.

Гледајте нешто

Ставете лап топ на кревет и гледајте нешто секси како некоја „жешка“ сцена до вашиот омилен филм.

Не се потресувајте ако оргазмот не се случи

Над десетина фактори влијаат на нашата способност да постигнеме оргазам: стрес, замор, период на менструален циклус, лекови, алкохол, менопауза… Сосема е нормално оргазмот некогаш да не се случи.

Користете вибратор

Најбрзиот начин за жените да постигнат оргазам е во кревет да понесат вибратор. Истражувањето на Универзитетот во Индијана покажало дека дури 70 отсто од мажите немаат ништо против тоа, можеби токму затоа што нивните партнерки се позадоволни.