Како да му помогнете сексот да трае подолго

Дали сте слушнале за т.н „Кегелови вежби“? Станува збор за стегање и опуштање на мускулите во дното на карлицата, која може да го подобри сексот, а вежбите можат да ги прават и мажи и жени.

Се работи за тоа дека овие вежби помагаат во лечење на предвремена ејакулација, како што се наведува во неодамнешното истражување претставено на Конгресот на европски уролози во Стокхолм.

Во истражувањето учевствувале 40 мажи меѓу 19 и 46 години кои страдале од прерана ејакулација

Стручњаците сметаат дека практикувањето на едноставни Кегелови вежби може да доведат до исклучително подобрување. Речиси сите, во рок од 12 недели го решиле проблемот се прерана ејакулација.