Како да заштитите дете од педофил?

Родителите лесно можат да објаснат и да бидат сигурни дека детето сфатило кога да кажат ако некој се обидел да ги злоупотреби.

Приватност

Објаснете му на детето дека никој не треба да прашува, да ги види или да ги допре приватните дeлови од телото, а тоа се деловите кои ги покриваат гаќичките. Единствено тоа можат да го прават лекарите и медицинските сестри. Кажете дека тоа е во ред, но дека мора да му се објасни зошто тоа се прави и тоа да си каже дали тоа е во ред.

Апсолутно

Апсолутно секогаш мора да има на ум дека неговите делови на телото припаѓаат само нему и нема никој право на нив. Детето секогаш мора да каже ако некој го прекрши тоа правило.

„Не“

Детето треба да знае дека има право да каже „не“ на несакано допирање, дури и на член на семејството или некој кој го познава.

Треба да се зборува

Треба да се зборува за тајните и на детето треба да му се објасни кои се лоши, а кои добри тајни. Реченицата како „тоа е наша мала тајна“ претставува начин на натрапникот детето да се заплаши и тоа е лоша тајна. Добрата тајна е ако се подготвува некое убаво изненадување за роденден. Поради лошите тајни детето се чувствува тажно, загрижено или уплашено.

Слободно да каже се’

Кажете му на детето слободно да каже ако се чувствува тажно, нервозно или уплашено. Не мора тоа да биде член на семејството, туку може да биде воспитувачка или некој друг во кого има доверба.