Да се биде во врска со некој кој не е отворен со своите емоции е вистински предизвик. Нештата би биле многу поедноставни кога луѓето би биле поотворени, но некогаш таквиот луксуз е невозможен. Затоа е тешко да ги разбереме.
Еве како изгледа да бидете во врска со некој кој ги крие своите емоции:
1. Тие честопати посакуваат да бидат поотворени
Луѓето кои не ги споделуваат нивните емоции честопати им завидуваат на оние кои се отворени без проблем. Во нив постои нешто што ги спречува да се искажат, па дури и да сакаат да кажат сѐ што им лежи на душа, сепак ниеден збор не излегува кога ќе ја отворат устата.
Ако сте во врска со некој кој е ваков, знајте дека тие посакуваат да ги искажат нивните мисли, но се спречени. Имајте трпение со нив и никако не се трудете да го извлечете тоа од нив. Дајте им до знаење дека вие ќе бидете тука да ги ислушате без разлика кога ќе се спремни да ги искажат своите чувства.
2. Емоциите ги тераат да се чувствуваат засрамено
Многу луѓе кои имаат проблем со искажување емоции имаат тенденција да се чувствуваат засрамено од начинот на кој се чувствуваат. Без разлика какви се, силните емоции можат да бидат засрамувачки, иако тоа не им звучи така на оние кои ги изразуваат без проблем.
Луѓето кои не ги споделуваат своите емоции не сакаат да бидат сметани за „слаби“, а така мислат ако ги искажат своите емоции. Затоа ќе се насмевнат или ќе направат некоја друга реакција отколку да ги покажат нивните вистински чувства.
Ако сте во врска со некој кој има проблем со искажувањето емоции, потрудете се да ги осигурите дека не се слаби и дека можат да ги искажат своите вистински мисли пред вас и нема потреба од срам.
3. Не сакаат да бидат ранливи
Оние на кои им е тешко да се отворат – особено во врските, вообичаено го прават тоа затоа што не сакаат да бидат ранливи. Помислата дека се ранливи за нив е особено страшна, всушност една од најстрашните.
Постои цела низа од причини зошто некој не би сакал да биде ранлив – можеби претходно биле повредени (во врска или надвор од неа) или може да имаат таков карактер. Да се биде ранлив кон некој значи дека таа личност ги знае вашите емоции и ова е прекрасно нешто. Но, тоа значи и дека знаат како да ве повредат и тоа онаму каде што знаат дека најмногу ќе ве боли.
Затоа голем број луѓе внимаваат на своите емоции – посебно во врска. Тие не би сакале да бидат повредени или одбиени. Понекогаш, едноставно полесно е да се има гард отколку да се ризикува да се биде повреден.
Луѓето кои имаат ѕид не можат целосно да се препуштат на некој друг. Ако сметате дека таа личност не ви се отворила, имајте трпение со нив. Ако ја заслужите нивната доверба, тие сигурно ќе почнат да ви се отвораат.