Како е можно да се изгуби авион во 21-от век?

Во ера кога сите имаме ГПС во нашите џебови, кога тајните служби знаат се’ за секого како е можnо еден авион едноставно да исчезне?

Ова по се’ изгледа се случи со летот на авиокомпанијата „Малезија Ерлајнс“ што исчезна еден час по полетувањето од аеродромот во Куала Лумпур.

Спасувачките тимови од девет земји и понатаму не успеаваат да му влезат во трага на авионот „Боинг 777“ со 239 патници и членови на екипажот, а се појавија голем број теории во врска со тоа што се случило, но експерите и понатаму одбиваат да дадат конечен одговор како и да шпекулираат околу причините за исчезнувањето.

MH_bg-408x264
Што и да се случило се случило брзо и катастрофално

Што и да се случило, се случило брзо и катастрофално, тврдат експертите. Фактот дека се’ се одиграло над океанот, најверојатно над Јужното кинеско море, може да значи дека ќе минат месеци па и години пред нешто да дознаеме. Океанот е голем место и пронаоѓањето траги ќе се одвива полека. На истражителите им беа потребни две години за да ги пронајдат црните кутии од летот 447 на „Ер Франс“ што се урна над Атлантикот на први јуни 2009 година.

„Проста вистина е многу тешко да се најде нешто во вода“, вели полковнико во пензија Кол Џозеф и поранешен морнарски пилот.

Она што е најстрашно е фактот дека авионот едноставно исчезна без трага. Капетанот, кој има повеќе од 18.000 часови поминато во лет, не издал никакво предупредување. Нема никакви докази дека се појавил проблем. Ова не е премногу невообичаено затоа што приоритет за кабинскиот персонал во вакви ситуации е решавање на настанатите проблеми.

„Пилотирање, навигација па комуникација“ е мантра на пилотот и блогер Патрик Шмит кој смета дека радио тишината во оваа ситуација е очекувана.

„Прилично е необично во такви ситуации да се издаде сигнал за помош. Се’ може да се одигра на два начина. Прво работите да се одвиваат толку брзо и лошо па едноставно нема време да се прати повик за помош, додека во второт сценарио персоналот во авионот прво гледа како да излезе на крај со проблемот“, тврди тој.

avion malezija isceznat

Не постои радарско пратење на авиони над океанот

Заблуда е дека пилотите во авионите се во постојана комуникација со контролата на летање и дека авионите константно се следат на радар. Кога авионот е оддалечен 100 или повеќе километри од брегот, радарот повеќе не работи. Едноставно нема толкав домет.  Во тој момент цивилниот авион комуницира главно по пат на висока радио фреквенција. Пилотите во текот на летот се јавуваат од одредени фиксни точки соопштувајќи ја локацијата на авионот, брзината и висината додека некои системи за комуникација не бараат јавување на пилотите бидејќи сите податоци се праќаат преку сателитски линк.

Иако модерните системи за летови користат ГПС за навигација, тој само му покажува на авионот каде се наоѓа но не и на контролата на летање.

Сепак, летот МХ370 на „Малезија ерлајнс“ сигурно така тивко не исчезнал. Многу комерцијални авиони имаат посебни локатори во случај на опасност што пилотот во еден момент може да го активира, а може да се активира и во одредени околности како што е судир со вода, иако не е веродостоен на големи длабочини.

Иако цивилното воздухопловство не поседува технологија за пратење над море, војската и безбедносните агенции ја имаат така што е многу можно некој воен брод, авион или сателите да успеал да дојде до некои траги.

Полето на остатоци од авионот е големо, но океанот е поголем

Доколку авионот се урне, тој мора некаде да падне, што значи дека би требало да постојат остатоци од леталото. Меѓутоа, по денови трагање, никој се уште не пронашол некаква трага. Ова е необично, но не е без преседан.

Едно од можните објаснувања може да биде дека спасувачите едноставно бараат на погрешно место бидејќи не се сигурно каде авионот се урнал, а можно е и аионот по падот да останал во еден дел и едноставно да потонал.

Сепак, експерите сметаат дека е премногу рано како и тоа дека постојата премногу непознати во врска со тоа што се случило. Меѓутоа, многу се сложуваат дека што и да се случило, се случило на голема висина така што остатоците се расфрлани на многу големо подрачје.

Сите аеродинамични делови на авионот како делови од крилата во текот на несреќата само би одлетале во непознат правец како ќеса на ветрот, додека потешките делови како мотор само би паднале надолу. Ова се случило и кога вселенскиот шатл Колумбија експлодира во текот на врачањето во земјината атмосфера на 1 февруари 2003 година.

Меѓутоа, разликата е во тоа што се’ се одиграло над земја. Барањето остатоци на отворен океан е значително потешко.