Македонија е на 111-то место во борбата против корупцијата според Транспаренси, затоа што тие кои треба да се борат, се најкорумпирани. Љупчо Николовски, вицепремиерот за (анти)корупција да каже како е можно фирмата на неговиот брат за една година има пораст на приходите за неверојатни 2.100%?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека да измислеше фирмата на братот на Николовски лек против корона или да произведуваше вакцини немаше ваков вртоглав раст на приходите да оствари за кратко време.
-Како во многу други случаи и овде смрди на матни зделки и огромна веројатност за корупција и злоупотреба на службена должност. Во Македонија фирми со децениска историја отпуштаат вработени, а фирмата ма владиниот функционер рапидно скока. Николовски е должен да излезе во јавноста и да даде одговори и да понесе одговорност. Власта е изворот на корупцијата во Македонија. Власта на Заев во европски рамки стана симбол за криминал. Љупчо Николовски е типичен преставник од таа власт на Заев по секој основ, а гледаме и по основниот заев модус операнди, се наведува во партиското соопштение.