Како изгледале проститутките пред 100 години? (ФОТО)

Најстариот занает на светот отсекогаш бил табу тема, но и предмет на фантазија и инспирација за многу уметници. Така е и денес, иако идеалот за убавина низ вековите се менувал, а со самото тоа и изгледот на дамите кои се бавеле со оваа работа.

Минатата година беше објавена книгата Белок: Фотографии од Сторивил, во која се собрани портрети од проститутки насликани во 1912 година во озогласениот кварт Сторивил во Њу Орлеанс.

Збирката на драгоцени дела на Е. Џ. Белок, кои и’ станале познати на јавноста уште во 60-тите години на минатиот век, и 50 години подоцна успеала да го раздрма светот.

Каква магија се крие во еротските портрети на дамите кои се бавеле со најстариот занает многу пред нашето време? Обидете се преку фотографиите на проститутките од почетокот на 20 век сами да дојдете до одговорот на ова прашање.