Колку пати ви кажале дека ве сакаат? Колку пати тоа навистина и го докажале?
„Те сакам“ е една од најубавите фрази на секој јазик на светот. Нема личност која не сака да го слушне тоа. Може ли и поинаку да се каже? Може. Може да се каже:
„Ќе те штитам. Ќе ја штитам нашата љубов од оние кои не ни мислат добро. Ќе бидам некој кому можеш да веруваш. Ќе бидам твое место каде можеш да избегаш од сѐ, твој сигурен брег. Секогаш ќе ти го чувам грбот. Секогаш можеш да се потпреш на мене. Кога ќе паднеш ќе ти помогнам да станеш и секогаш ќе се грижам да имаш сѐ што ти треба и ќе те почитувам. Твоето мислење, личност, твоите соништа и желби. Ќе те почитувам поради сѐ она што си. Ќе ти ги простувам сите мали и големи работи, несмасно изговорени зборови по напорниот ден. Ќе ти простам за сите ситуации во кои не сме биле свесни колку сме се повредиле еден со друг. Ќе го жртвувам своето време за нешто што ти сакаш да правиш. Секогаш ќе бидам среќен/среќна што си со мене.“
Во идеален свет, сите овие изјави би требало да доаѓаат во пакет со љубовта. Имало многу луѓе коишто сме ги сакале, но токму поради недостиг на почит и простување, на крајот сепак не сме останале со нив. Поголемиот дел од нас остануваат со луѓе кои ни простуваат, кои нѐ поддржуваат, кои нѐ креваат кога паѓаме, работи кои се многу повеќе од тоа само да кажеш: „Те сакам“.
Бидете внимателни кога ги изговарате овие зборови. Секогаш обидете се прво да разберете што значат. Во спротивно ќе остане само една од најубавите фрази на секој јазик во светот…