Како најдобро да го зготвите зеленчукот за да ги зачува хранливите вредности?

Користете микробранова печка

Шпански научници во 2009 година подготвиле брокула на пет начини: Варење, приготвување на пареа, пржење, малку потпржени и во микробранова печка. Откриле дека најдобро ги задржува хранливите вредности и антиоксиданси ако е приготвена на пареа. Токму затоа тие советуваат да не се двоумите дали да ја подготвите во микробранова печка. Ставете само малку вода во садот и пуштете ги да се готват на мала температура, при што хранливите вредности остануваат.

Само малку пропржување

Ако целосно ги испржите, нема да остане ниту еден витамин во зеленчукот, па затоа само малку пропржете ги и тоа со маслиново масло.

Печени во рерна или на скара

Овој начин можеби го прави зеленчукот највкусен. Попрскајте малку маслиново масло, исечете го зеленчукот на поголеми парчиња и директно на печење. Во зависност од тоа колку време ќе ги печете зависи колку ќе ги зачуваат хранливите вредности.

Сепак, една студија од 2009 година открила дека артичоката, аспарагусот, брокулата, целерот, модриот патлиџан, боранијата, кромидот и спанаќот ги задржуваат нивните антиоксиданси и по печењето, за разлика од зелените пиперки кои ги губат своите антиоксиданси.