САД и Северноатлантската алијанса привлекуваат кон себе нови и нови територии на Балканот, создавајќи на тој начин „зони на безбедност“ во услови на „агресивна политика“ на Кремљ, пишува РИА „Новости“, пренесува НетПрес.
Пред извесно време постојаниот претставник на САД во Алијансата, Каи Бејли Хачинсон, изјави дека НАТО ќе ја продолжи својата политика на отворени врати за нови членови во воениот сојуз на западот. Таа мислеше на Македонија. Според нејзините зборови, „кандидатите треба да договорат на стандардите на демократијата и определени воени норми“.
Хачинсон вети поддршка за Македонија, која „може да стане следната земја што го минала испитот“.
Од што се состои тој испит, и кој претходно го минал?
Во мај, годинава, „испитот“ го помина Црна Гора – таа беше примена во НАТО. Овој мал дел од пораншена Југославија, за прв пат се одвои од Србија преку „референдум на народот“ во 2006 година, кој беше првиот тест за лојалност кон колективниот Запад на Мило Ѓукановиќ – политичар кој во изминативе години беше те премиер, те претседател на малата балканска земја. Во 90-те години од ХХ век, додека беа во тек војните по распадот на Југославија, Ѓукановиќ организираше мафијашка мрежа за шверц на цигари во Италија. Против него беше оформено казнено дело во Неапол, кое не беше никогаш завршено. Се покажа дека подобро е Ѓукановиќ да биде држен како марионета на конци. Тој потоа ја оддели Црна Гора од Србија, а во последните 10 години, ја насочи земјата кон НАТО.
Вториот дел од „Мерлезскиот балет“ се одигра во октомври 2016 година, на денот на парламентарните избори во Црна Гора. Тогаш Ѓукановиќ објави обид за државен удар, извршен од агенти на Москва, со цел „спречување на влезот на Црна Гора во НАТО“. Потоа беа „избрани“ такви пратеници во парламентот, кои за само половина година изгласаа влез на Црна Гора во НАТО. Ако некој се сомневаше дека сценариото за државен удар е напишано од Западот, по изјавата на обвинителот за делото, Миливоје Кантиќ, стана се’ кристално јасно. Тој јавно им се заблагодари на британските и на американските безбедносни служби за помошта во текот на истрагата.
Со други зборови, црногорските власти, и покрај вековните тесни врски меѓу Русите, Србите и Црногорците, успешно го минаа испитот за русофобија.
Сега претстои на испит да биде подложена и Македонија. Се очекува земјата кандидат за членство да спроведе политика на русофобија на светската арена, активно да учествува во информациските и пропагандни кампањи организирани од САД и од седиштето на НАТО во Брисел. А, за пример треба да служи Црна Гора. Впрочем, испитната сесија за Македонија веќе почна и е во тек.
Спонзорираниот од американскиот Стејт Департмент, Центар за истражување на корупцијата и организираниот криминал, во јули, годинава, објави статија, во која се посочуваше дека припадници на руските безбедносни служби, дипломати и претставници на други организации се обидуваат да се вмешаат во внатрешните работи на Македонија, распространувајќи „информации и дезинформации во интерес на Русија“.
Како доказ беше преведен и некаков текст на македонски јазик – без потпис од автор, без име. Организаторите на овој чин ги сметаат сите останати за идиоти, оти провокацијата во Македонија за руското вмешување е како клонирање на „документите за руското досие на Трамп“, кои се доказ за вмешувањето на Москва во претседателските избори во САД.
Засега единствено енигма е како САД ќе ја внесат Босна и Херцеговина во НАТО. Од самиот почеток на постоењето на оваа држава, земјата е поделена на два завојувани дела – Република Српска, во која се одделени православните Срби, и Федерацијата Босна и Херцеговина, во која живеат Хрвати, кои се католици, и Босанци, кои се муслимани. Хрватско-муслиманската федерација се стреми кон Алијансата, а Република Српска гледа со надеж кон Белград и кон Москва. Претседателот на Република Српска, Милорад Додик и српското население кое го подржува, се противат на притисокот на централните власти во Сараево, кои на секаков начин се обидуваат да ја погазат самостојноста на Бања Лука – вклучително и кога ја принудија Република Српска да признае дека српскиот јазик, на кој говорат, всушност не е српски, туку босански. Многу аналитичари тврдат дека процесот на присоединување на Босна и Херцеговина кон НАТО, може да заврши со обид за излегување на Република Српска од составот на Федерацијата. Ниту колективниот Запад, кој ја гледа Босна и Херцеговина во составот на Алијансата, ниту централните власти во Сараево не може да допуштат таков развој на насатаните.
Но, и Србите неможат да останат во составот на Босна и Херцеговина, каде се носат одлуки против нивните интереси и против нивна воља.Тој конфликт периодично, те се појавува, те спласнува. Реториката е крајно агресивна и непријатна, што се гледа дури и во објавите на локалните медиуми.
И како би можело да бидат помирени две страни, ако меѓусебно војувале со векови и тоа зло се наталожило особено во Втората светка војна, но и во последните вооружени конфликти во Југославија од 90-те години од минатиот век? Доволна е мала искра, за конфликтот повторно да се распламти.
Активирањето на процесот на присоединување на Босна и Херцеговина кон НАТО не е искра, туку цел факел. Опстојува реална опасност од развивање на најдраматичните сценарија. А Србија? Таа е финалната точка од планот на НАТО за фактичка окупација на Балканот. Во тоа се состои целата логика на процесот на уривањето на Југославија, почнат од Западот во 90-те години од минатиот век – да се распадне земјата, да се потчинат одвоените делови од неа, традиционално проруски настроени, и да се извадат од сферата на влијание на Москва.
Во денешно време официјален Белград има дузина спогодби со НАТО, кои ја прават Србија де факто член на Алијансата, со тоа што земјата ги прифати сите задолженија како членка на воениот сојуз на Западот, иако не е тоа и нема право да стане. За формалното присоединување на Србија никој и не зборува. Такви изјави се еднакви на политичко самоубиство.