Како СДСМ го партизира Судскиот совет: Претседателот ќе се бира од партиските кадри а не од судиите,

Од април оваа година, со истекот на мандатот на Киро Здравев, Судскиот совет натаму нема да може да го раководи член кој е избран од редот на судиите, и кои се мнозинство во Судскиот совет, туку некој од петте члена, политички кадри избрани од Собранието, пишува порталот Сведок повикувајќи се на извори од владејачката партија.

„Оваа најгруба партизација на Советот е вметната во законот од мај 2019 година, кога министерството за правда го водеа партиските „реформатори“ во судството од редовите на СДСМ, Рената Тренеска Дескоска и Оливер Ристоски. Министерката сега е само професорка на факултет, а заменикот пред неколку дена стана член на ДИК“, с наведува во написот на Сведок.

Во Службениот весник број 102 од 22 мај 2019 година, објавено е следното ограничувачко решение, според кое, судиите не можат да бидат претседатели на Судскиот совет.

Избор и траење на мандатот на претседател на Советот
Член 8
(1)    Со работата на Советот раководи претседател.
(2)    Претседателот на Советот има заменик, кој го заменува во негово отсуство
(3)   Претседателот на Советот и неговиот заменик се избираат од редот на членовите на Советот со право на глас, кои се избрани од страна на Собранието на Република Северна Македонија.
(4)    Претседателот на Советот и неговиот заменик се избираат со најмалку осум гласови од членовите со право на глас.
(5) Мандатот на претседателот на Советот и на заменикот претседател на Советот трае две години без право на повторен избор.

Извори од работните групи кои работеле на законот, за Сведок рекле дека ваквото ние било додадено на криминален начин кога фазата била целосно завршена, а законот од Министерството за правда бил во процес на испраќање до Собранието.

Затоа, целата вина за класичната партизација на Судскиот совет сега треба да им ја префрлат на кадрите на СДСМ, Рената Дескоска и Оливер Ристоски.

Во претходниот закон немаше вакво ограничување за судиите, а тоа се гледа и низ годините кога Судскиот совет го водеа: Бекир Исени, Васил Грчев, Александра Зафироска, Зоран Караџоски и Киро Здравев. Меѓу нив, претседтел беше само Бранко Ушковски избран од парламентот.

Како што стојат сега работите, се додава во написот, нов претседтел би требало да биде од редовите на ДУИ, а СДСМ да добие заменик.

Петте членови избрани од Собранието се: Селим Адеми (ова му е втор мандат), Миљазим Мустафа, Владе Богдановски (избран од претходната власт и не е во игра), Весна Дамева и Павлинка Црвенковска. Мустафа и Дамева се избрани на предлог на претседателот Стево Пендаровски, без да имаат какво и да е позабележително правничко искуство, Дамева беше стручен соработник во суд, а Мустафа административец во Министерството за правда. Новата членка Црвенковска е исто така стручен соработник во суд, а претходно работела во Владата, во времето на Владо Бучковски како премиер.

Од партиски лепач на плакати до политичка функција во судството – Весна Дамева

Партски извори за Сведок потврдуваат дека кадарот на СДСM, Весна Дамева, ќе стане потпретседател, а Селим Адеми од ДУИ се очекува да стане претседател.

Организации кои работат на набљудување на судските реформи, најавуваат дека ќе ја оспорат пред Уставниот суд оваа ограничувачка законска одредба, која наоѓа основ за дискриминација и во неодамна донесениот закон за заштита од дискриминација.

Во Советот на јавните обвинители ситуацијата е обратна, таму претседтел може да биде само јавен обвинител избран од редот на обвинителите, но не и партиските кадри избрани од Собранието.

Законот за Судски совет, кој беше најавуван како реформски, забрани можност преку Собранието и Претседтелот да се предлагаат активни судии, како што беа примерите со активните управни судијки Лидија Каначкоиќ и Виолета Богојевска, но затоа внесе вакво решение за целосна партиска контрола во судство.

Избор на нов претседтел на Советот треба да се случи во април, сред најавеното прочистување на судството.

Ќе биде интересно да се види како судиите ќе гласаат за партиските кадри, бидејќи во Судскиот совет и сега има две крила во кадрите на СДС кои меѓу себе се во вистинска војна.

Тоа беше видливо и на последната седница на Судски, кога Весна Дамева некому на телефон, со висок тон, по ходници му реферираше дека „уште малку фали Лорета да почне сите да ги тепа, а за тоа знаел и премиерот Зоран заев“. Што е тоа што треба да знае Заев за случувањата во Судски?!

Лорета е струмичка судијка, член на Судски совет, од струмичкото крило на Заев, а нејзиниот сопруг покрај другарството со Заев ги врзува и позицијата на која е поставен во Струмица.

„Извори од Советот потврдуваат дека има внатрешна нетрпеливост во Советот, а поради тоа дошло и до голема расправија меѓу Селим Адеми и уште еден член, кавгата се слушала до Спомен куќата на Мајка Тереза, а Киро Здравен на уште повисок тон ги смирувал, наредувајќи им на двајцата да престанат“, наведува Сведок

Оваа партизација на судството вметната во законот за Судски совет не беше нотирана во извештаите на меѓународните организации за состојбата во Македонија.