Кога уште како тинејџерка ќе се најдете на модната писта и кога ќе може да си го дозволите секое парче облека што ќе го посакате, логично би било вашиот стајлинг во најмала рака да биде: многу добар. Меѓутоа тое не е во случајот со ќерката на Доналд Трамп, Иванка..
Убавата Иванка е родена во Менхетен (1981), а во светот на модата зачекорува во раните тинејџерски години. Иако била и модел, од тоа се откажала многу брзо, поради школувањето. Израснува во деловна и успешна жена.
Припадничката на една од најмоќните фамилии во Америка, поканувана е на бројни свечени настани, каде што на црвениот тепих стои рамо до рамо со познати имиња од светот на бизнисот, музиката, филмот, модата…, но никогаш не се истакнувала премногу.
Сепак, мора да се признае дека од моментот кога почнуваат да се документираат нејзините појавувања, изминатите десетина години, нејзините стајлинзи нависттина предизвикуваа внимание, но не поради извонредниот стил.
Иванка, иако е со витка и прекрасна градба, бирала не само помалку кичести и невкусни модели, туку и такви кои никако не ласкаат на нејзината завидна фигура.