Како сексот ова лето да биде жежок (втор дел)

Ви пренесуваме второ продолжение од советите како летото да го искористите за подобрување на вашиот сексуален живот и за внесување на одредени промени.

Поставете шатор
Било да кампувате во шума или во двор, спиењето под шатор може да биде забавно. Секост на отворено многумина го доживуваат како вистинска авантура. Но ако не сте доволно храбри стравувајќи некој да не ве фати, пробајте го тоа под шатор. Ќе имате дополнителна приватност, само трудете се да бидете потивки.

Кажете НЕ на бикини
Ако сакате нудизам, поминете ден на таква плажа, или ако не сте доволно храбри најдете осамена плажа и потполно соблечете се. Лежењето на сонце е ослободувачко и возбудливо чувство. Не го заборавајте лосионот за сончање за чувствителните делови, кои вообичаено се скриени под бикините.

Уживајте во студена сангрија
Нема ништо подобро од безгрижен секс, ослободете се од инхибициите со студен коктел кој можете да го направите од сезонско овошје, вотка, текила или рум. Ако ве бива направете го и „sex on the beach”.Најлесен начин е да купите шише сангрија, разладете ја и во неа уживајте со партнерот како кога сте биле на одмор.

Сезонското овошје како афродизијак
Било да правите скара или пикник вклучете природни афродизијаци како што се авокадо, јагоди и апарагус.Витаминот Б6 во авокадото го зголемува производството на тестостерон, додека витаминот Е во аспарагусот го зголемува сексуалниот „апетит“. Јагодите и другото шумско овошје освен што се здрави, нивното конзумирање може да биде секси доколку со партнерот се храните еден со друг.