![Ubistvo_Aerodrom](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/Ubistvo_Aerodrom.jpg?resize=640%2C397&ssl=1)
Емисијата „Несомнено“ на телевизија „Алфа“ открива каква е поврзаноста на агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“ со ликвидацијата на младиот Мартин Јанушев, од пред две недели во скопската населба Аеродром.
Според ТВ „Алфа“, некои медиуми по убиството повикувајќи се на извори од социјалните мрежи, ја поврзале ликвидацијата на момчето со лицето Раде Трајковски Штекли, кој е поврзан со агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“ и според гласини во јавноста и медиумите е и нејзин сопственик во сенка.
Министерот за внатрешни работи на брифинг со новинарите, информирајќи за текот на истрагата за убиството во Аеродром, информираше дека се прават проверки да се утврди дали агенцијата има поврзаност со убиството, но се не запре тука. Пишувањата на одредени медиуми одеа во насока дека еден е извршител на убиството, но постои нарачател, па дури и дека некој свесно ќе превземе вина за свирепиот злостор, се анализира во емисијата.
Очите на јавноста остануваат вперени во истражните органи, кои требаа да дадат одговор на многу прашања, за да не остане да лебди во воздух дека некој штити нечиј криминал или дека со амин на полицијата некој глумат градски шерифи.