Најдобро е политичарите да не ветуваат реформи во правосудството. Законот за јавно обвинителство е катастрофален и допрва ќе имаме проблеми, а политичарите бараат брзи решенија. Тоа не е можно во оваа област. Обвинителскиот совет го немаше никаде додека се водеше дебата за новиот закон за јавно обвинителство, рече професорот Гордан Калајџиев на гостувањето на телевизија Алфа на емисијата „Што не е јасно“.
Според него треба да се преиспита целосно моделот во правосудството, надлежноста што им е дадена на основните судови и слично.
„Правосудството најмногу трпи во Македонија. Заев имаше идеја, ама се покажа дека нема трпение за реформи, дневно политичките потреби беа други и немаа време друг односно експерти да решаваат за оваа област“, рече Калајџиев.