Корупцијата има различни појавни облици. Она што најмногу ја интересира јавноста е високата корупција врзана со поврзана со полиичката елита па се надоле до администрацијата и таа има свој корен во тоа на кон начин функционира системот заробен од политичките партии. Освен реторика и некакви лажни борби од типот на измислени функции како вицепремиер за борба против корупција, нема вистинско поместување, вели проф. Гордан Калајџиев за Слободен печат и додава дека партиите кога ќе додјат на власт сметаат дека им е природно да земаат од колачот.
-Се сеќавате дека јавно со години, со насмевка тоа го зборуваше и Љубчо Георгиевски. Мислам дека доаѓаат на власт со желба да делат првилегии и така го делат колачот. Кога имате цела администрација политички поставена луѓето мислат дека со тоа што работеле за партијата, од лепење пплакати па нагоре, дека кога ќе дојдат на власт имаат право на дел од колачот, вели Калајџиев.
Тој додава дека она што најмногу ја интересира јавноста и добива внимание е дали е санкционирана елитната корупција. Имавме една реторика, луѓето беа занесени со шарена револуција дека ќе дојде време на независни судски институции, но тоа не се случи, местата се далат од етнички па партиски. Успеваат некако да наметнат моќ.
-Обичнит есудии патат од доза на традиционална сервилност што е културен и психолошки феномен. Исто како и обинителството. Јас бев автор на овој закон кој што е сега на сила. Направивме силен концепт Обвинителството да стане ултра моќна институција која ќе има сопствена полиција, сопствени истражители. Тоа по сила на прилика се оствари кај СЈО, во другиот дел не профункционира што е одговорност на првиот човек на обвинителството. Ние и денес имаме обвинителство слично како и во време на Груевски. Поставување со согласност на владејаката политичка партија. Ова е проблем со кој се соочуваме уште од почетокот. Никогаш не се изгради култура на поделба на власта. Институции кои ќе ги водат лица со интегритет. Имаме газење на Уставот со поставување на партиска личност народен правобранител. Прво е договорено дали ќе биде „македонско“ или „албанско“ местото, па после се оди надоле и тоа е понижување на Уставот, вели Калајџиев.
Целиот текст прочитајтето го ТУКА.