-0.2 C
Skopje
недела, ноември 24, 2024

Калајџиев: Не треба премногу да се очекува од граѓанската контрола врз ОТА

Во вчерашното Отворено студио на 1ТВ гостуваше универзитетскиот професор, Горан Калајџиев кој ја образложи улогата на ОТА и кој има повеќе овластувања.

„Искрено да ви кажам јас кога како експерт ја следев работата, не бев многу ентузијаста дека да речеме само со воспоставувањето на ОТА како посредник кој што ќе вклучува и исклучува врз база на аноминизирани судски наредби, ќе се исклучат сите злоупотреби. Ниту тоа го тврдам до ден денес, ниту мислам дека надзорот може да ги елиминира сосема“ – појасни Калајџиев.

Калајџиев посочи дека е песимист дека ќе престане злоупотребата на прислушувањето, бидејќи поголема контрола врз ОТА има собраниска комисија, а многу помала граѓанскиот сектор.

„Не треба премногу да се очекува од граѓанската контрола, бидејќи иако граѓанскиот сектор се бореше за поголеми овластувања при контролата. Сепак остана со многу помали овластувања за контрола отколку она што има собраниската комисија“- рече Калајџиев.