Калифорнија гласа за употреба на роботаксито

Калифорниската државна агенција ќе гласа во четврток за предлогот да се дозволи роботски такси да возат низ Сан Франциско во секое време.

Тоа одобрување ќе им овозможи на „General Motors“ и „Alphabet“ да го прошират тестирањето на нивните автономни возила „Cruise“ и „Waymo“ како платени такси-возила низ градот, ставајќи ги во директна конкуренција со ривалските провајдери за градскиот превоз „Uber“ и „Lyft“.

Комисијата за јавни комунални услуги на Калифорнија (CPUC), која има јурисдикција низ целата сојузна држава за регулирање на автономните возила, го подготви предлогот откако „Waymo“ и „Cruise“ аплицираа за дозволи што ќе овозможат пошироко тестирање на роботаксијата.

Компаниите, кои имаат инвестирано милијарди во развој на возила, но со мали приходи, сметаат дека гласањето на агенцијата е клучен следен чекор додека размислуваат за проширување во други градови и држави.

Но, гласањето доаѓа во време на силно противење од агенцијата за транспорт и безбедност во Сан Франциско, која вели дека понекогаш непредвидливото возење на роботските автомобили го одвлекува вниманието на пожарникарите, предизвикало сообраќаен метеж и ги прекршило другите сообраќајни правила и дека компаниите не ги откриле целосно податоците кои покажуваат проблеми. Затоа агенцијата побара повнимателно воведување роботски такси-возила.

„Cruise“ и „Waymo“, од друга страна, тврдат дека нивните роботски такси се побезбедни од човечките возачи и не предизвикале смртни случаи или повреди опасни по живот во текот на милиони вкупно извозени километри, и дека тестирањето во реалниот свет е од суштинско значење за усовршување на технологијата. Од „Cruise“ на неодамнешната јавна расправа рекоа дека имаат околу 300 возила кои работат ноќе и 100 во текот на денот, додека „Waymo“ соопшти дека има околу 250. Се очекува тој број да расте, доколку CPUC го одобри предлогот.

Тестовите го поделија населението на Сан Франциско, кое од една страна негодува што нивниот град се користи како лабораторија за тестирање за она што тие веруваат дека е недокажана технологија, додека, од друга страна, има и такви кои веруваат дека тоа може да доведе до помалку сообраќајни несреќи и повреди.

Досега CPUC двапати го одложи гласањето, делумно поради зголеменото противење. Во вторникот, CPUC ја добиле изјавата од Градската сообраќајна агенција во Сан Франциско во којашто се вели дека има речиси 600 инциденти со автономни возила од пролетта 2022 година, и дека тие веруваат дека тоа е само „мал дел“ од вкупниот број.

Опремени со сензори за вртење, возилата „Waymo“ и „Cruise“ се привлечна глетка во Сан Франциско, особено за посетителите кои не се навикнати на автомобили без возач зад воланот. Возилата се повикуваат преку апликацијата и им е дозволено бесплатно да возат бесплатно по поглем дел од градост со одредени ограничувања.

патници низ поголемиот дел од градот, под одредени ограничувања.