Калилзад и Гани разговараа за текот на преговорите со талбанците

Американскиот пратеник Залмај Калилзад денеска во Кабул се сретна со авганистанскиот претседател Ашраф Гани за да го запознае со резултатите од најновата рунда разговори со талибанците за мировниот договор.

Калилзад претходно во Катар го оддржа деветиот круг разговори со талибанците, што заврши без конечен договор, пренесоа американските медиуми и наведе дека наскоро ќе бидат објавени деталите од нив.

Во текот на викендот американскиот пратеник изјави дека САД и бунтовничката група се „на прагот на договор“, без разлика на тоа што талибанците ги нападнаа престолнините на провинциите Кундуз и Баглан, на северот од земјата.

Се очекува американско-талибанскиот договор за завршување на речиси 18-годишната борба да биде следен од разговори што ја вклучуваат и авагнистанската Влада, а која досега беше исклучена од нив.

Талибанците бараат сите 20.000 американски и НАТО војници да го напуштат Авганистан и нивното заминување веќе го прикажуваат како победа. Од друга страна, САД бараат талибанците да дадат уверување дека Авганистан нема да биде сигурно засолниште за екстремистичките групи за планирање и почнување глобални терористички напади.