Калиопи одушеви на „Златни денови“ во Кратово

Во текот на втората вечер од четвртата година по ред на „Златни денови“ во Кратово публиката беше понесена од прекрасното пеење на ѕвездата на вечерта и фестивалот, феноменалната, Калиопи. Градот ечеше од еуфорија и забава од незаборавната музика и пеење. Манифестацијата традиционално ја водеше единствената, Лила Стојановска.
Ноќта беше исполнета и од звуците на Етно составот – Вез од Штип кои ги исполнија неколку од најубавите македонски народни песни. Одлична забава приредија и незаменливите Пеперминт, а цело Кратово беше понесено и од Tribute to Бјело Дугме од Нови Сад кои ги свиреа најпознатите хитови на легендарните Бјело Дугме.

Забавата, како и секоја година, продолжи во базен дискотеката во Кратово.

Во недела, традиционално, се оддржа забава и за најмалите, оваа година позната како 3Д Журка – Дневна Детска Дискотека. Голем број на дечиња уживаа и се забавува со Ивце Пивце, добра музика, многу игри, награди и маскирани гости. На крајот на настанот добри мисли и убави желби испишани на балони, симболично беа “ослободени” од страна на присутните дечиња.

„Златни денови“ во Кратово беше одлична можност посетителите да се запознаат со историјата и културата на овој незаменлив град уживајќи во музика за сечиј вкус.

 

kratovo 01 kratovo 02 kratovo 03 kratovo 04 kratovo 05 kratovo 07 kratovo 08 kratovo 09 kratovo 10 kratovo 11 kratovo 12 kratovo 13 kratovo 14 kratovo 15 kratovo 16 kratovo 17 kratovo 18 kratovo 19 kratovo 20 kratovo 21 kratovo 22 kratovo 23 kratovo 24 kratovo 25 kratovo 26 kratovo 27 kratovo 28 kratovo 29 kratovo 30 kratovo 31