Демократската кандидатка за потпретседателка на САД, Камала Харис, ги откажа патувањата до недела поради случај на коронавирус во нејзиното опкружување, објави во четвртокто кампањата на претседателскиот кандидат Џо Бајден.
Двјаца челнови од екипата на кампањата на Камала Хари, меѓу кои и претставничката за комуникации Лиз Ален, се тестирани и се позитивни на Covid-19.
„Поради крајна претпазливот и согласно со обврзаноста на нашиот тим за кампања на највисоко ниво на претпазливост, ги откажуваме патувањата на сенаторката Харис до недела 18-ти октомври“, наведува во соопштението Џен О’Мејли Дилон, задолжена за кампањата на демократскиот кандидат за Белата куќа.
Двете заразени лица со авион пативале со Камала Харис на 8-ми откомври во Аризона, кога патувала на предизборен собир.
Според нејзиниот тим, сенаторката Камала Харис направила два PCR теста од тогаш и оти двата биле негативни. Таа не била во контакт со тие две лциа „во текот на 48 часа пред нивниот позитивен тест“, тврди кампањата на демократите.
Оваа објава претставува последен потрес во претседателската кампања предизвикан од коронавирусот, откако пред две седмици позитивен на тестот беше републиканскиот американски претседател Доналд Трамп кој на изборите на 3-ти ноември ќе го бара вториот мандат.