Камала Харис собра 200 милиони долари за кампања на 100 дена пред изборите во САД

Потпретседателката на САД. Камала Харис успеа да собере 200 милиони долари за својата кампања, откако пред една недела беше претставена како кандидатка на Демократската партија за претседателските избори во ноември, објави АФП.

Од нејзиниот штаб соопштија дека најголем дел од донациите, 66 отсто, доаѓаат од луѓе кои првпат даваат пари и оти се решиле на таков чекор по објавата на актуелониот претседател Џо Бајден дека се повлекува од трката за втор мандат во Белата куќа, но и дадената поддршка за Харис за претседателка.

Над 170.000 волонтери се пријавиле да помогнат во кампањата на Камала Харис преку телефонирање, аплицирање и други начини на повикување и анимирање на луѓето да гласаат.

Претседателските избори во САД ќе се одржат за точно 100 дена.