
Бизнисменот Јордан Камчев најостро ги демантира тврдењата кои денеска ги произнесе во јавноста Костадин Костадинов, портпаролот и пратеник на СДСМ, тој или која било од неговите фирмите биле вклучени во финансирање на изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ.
„Овие тврдења, кои се на ниво на шпекулации произлегуваат единствено од меѓупартиското нетрпение и се резултат единствено на меѓупартиско препукување. Недозволливо е со цел освојување на ситни партиски поени да се задава ваков удар на приватните компании кои како значајна гранка од економијата на оваа држава успешно работат и без никакви државни тендери или државна помош вработуваат огромен број на луѓе и придонесуваат за нејзиниот развој. Во случајов, ја информираме јавноста дека станува збор за компанија која моментално вработува 2670 луѓе и само во периодот од 01.01.2019 – 30.06.2019 година во буџетот на РСМ, по основ на различни даноци и придонеси исплатила 14 милиони евра, додека, во истиот период, по основ на плати за вработени исплатила бруто вредност од 17 милиони евра од кои 5 милиони евра за придонеси.
Спротивно на она кое моментално се случува, сметаме дека државата и партиите се оние кои треба да го поддржат и помогнат работењето на ваквите компании кои нудат вакви вредности за сите, а не да го рушат нивниот углед и да фрлаат црна сенка на нивното работење“, стои во демантот.