Денеска за настаните од „27 април“ сведочеше поранешниот пратеник од Валандово, Ѓоко Камчев. Тој истакна дека како тогашен пратеник бил член на повеќе групи поврзани со општинскиот комитет и Собранието.
На прашањето на адвокатите дали во нив се дискутирало за нередите тој рече дека не.
-За „27 април“ воопшто немаше таква комуникација ниту пак имав некаква насока или комуникација со Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски-рече Камчев.