Камчев сведок во „Меѓународен сојуз“: Во случајов фалат Јанева, нејзиниот син и Кичеец

Бизнисменот Орце Камчев, кој е во притвор и денеска беше спроведен од затворот во Шуто Оризари за да сведочи во предметот „Меѓународен сојуз“, побара да биде изземен како сведок од овој предмет.

„Барам да бидам изземен затоа што во околности кога од Обвинителството и Судот грубо се крши законот и ми се одредува притвор, мојот кредибилитет како сведок е нарушен и нема да му бидам од корист на обвинителството”, рече Камчев.

Тој додаде дека „веќе не знае кое Обвинителство го гони и во кој предмет. На неговото барање за изземање како сведок во предметот Меѓународен сојуз реагираше обвинителката Ивана Трајчева.

„Сведокот е повикан на околноста за тоа колку е запознаен и дали е запознаен со проектите кои требало да бидат реализирани од Меѓународниот сојуз. Притворот во друг предмет нема никаква врска со неговиот исказ и кредибилитет. Таа постапка е сосема различна од таа што се води денеска. Ако смета дека му се прекршени права, таму треба да го изнесе тоа”, рече обвинителката Трајчева, по што испрашувањето на Камчев како сведок продолжи.

Во продолжение на својот исказ сведокот Јордан Камчев, рече дека прв пат за „Меѓународен сојуз“, разбрал во 2018 година. До него имало понудено два предлози, еден за изградба фешн мол и друг за старечки дом.

– Во овој случај фалат и лицата Зоран Милевслки, Катица Јанева и нејзиниот син. Првиот не го прифатив бидејќи мислев дека нема економска логика. Вториот предлог за старечки дом исто го одбив. Ми беше кажано дека од ова има интерес синот на Катица Јанева и од тогаш почна тортурата врз мене – рече сведокот Камчев, кој додаде дека во документот било потпишувано лицето Лазар Јанев.

Камчев јасно посочи дека ,,Меѓународен сојуз’’ и ,,Рекет’’ се едно исто, односно се работи за ист случај кој започнал пред предметот ,,Империја’’ и чија жртва директно сè уште е тој.

За Меѓународен сојуз имал само некои информации кои ги добил единствено од телефонски разговори со Оливера Трајковска. Доколку Обвинителството сака потврда дека тоа е се што Јордан Камчев има како сознание за Меѓународен сојуз може да ја искористи примената на пи –мерки од неговиот телефон кој е следен за да се утврди дека тоа е се што тој знае за Меѓународен сојуз.

Јордан Камчев кажа дека и дека никогаш немал контакт, ниту ги познава Фросина Ременски и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ кои се обвинети во Меѓународен сојуз.