Камерон Дијаз можеби нема повторно да снима во Холивуд, новиот филм е во проблеми

Камерон Дијаз можеби нема повторно да снима во Холивуд, откако пријател откри дека ѕвездата се бори со долгите работни денови кои ја делат од нејзиниот сопруг Бенџи Маден и нивната тригодишна ќерка Редикс.

Дијаз официјално се повлече од својата холивудска кариера во 2018 година, пред нејзиниот близок пријател Џејми Фокс да ја намами да глуми покрај него во акционата комедија „Враќање во акција“.

Но, нејзиниот проект за враќање доживеа немир на почетокот на овој месец, кога беше објавено дека Џејми „доживеал апсолутен слом“ на сетот на филмот во Велика Британија, што довело до отпуштање на три лица.

Сега извор близок до ѕвездата откри дека – иако нема никакви проблеми со Џејми – веројатно нема да се врати во филмскиот свет откако ќе го заврши проектот, бидејќи и е многу тешко да биде далеку од семејството и мрази „драма и конфронтација“ што толку често избувнува на филмските сетови.

„Овие 10-часовни работни денови беа многу за неа и таа мрази да биде далеку од нејзината ќерка Редикс“, изјави пријателот ексклузивно за „Дејли мејл“, додавајќи: „Камерон сака да биде мајка повеќе од што било на светот. Мрази драма и конфронтација. Затоа се повлече од работата. Таа веќе се докажа во индустријата и нема што повеќе да докажува никому“.

Инаку, филмот „Враќање во акција“ во кој ќе глуми Диазова има нови проблеми.

Се вели дека шефовите ја паузирале продукцијата додека спроведувале истрага што довело до отпуштање на еден член на персоналот.

Се тврди дека за инцидентот била контактирана полиција бидејќи се верува дека истиот работник е поврзан со други обиди за прибавување на големи суми од големи ѕвезди во минатото.

Извор за „Сан“ рекол: „Овој филм е вистински кошмар… Еден службеник е отпуштен, а се води истрага откако некој се обиде да добие пристап до 33.000 од Џејми Фокс… Сега се води истрага за се што се случува. На луѓето ќе им биде мило кога ова конечно ќе заврши“, наведува „Дејли мејл“.