Камион – цистерна се излизга од патот Гостивар – Маврово

Камион – цистерна, се лизна надвор на патот Гостивар – Маврово, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици Е-112 е добиена информација дека камион-цистерна, се има излизгано надвор на патот Гостивар – Маврово, каде што во моментот има врнежи од снег. За настанатата ситуација, пријавениот итен случај на терен, од Секторот за операции и координација во ЦУК се известени ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, коишто информирале дека веднаш имаат имаат испратено камиони за расчистување на наведениот патен правец. Истовремено, од ЦУК им е даден контакт на дежурните во ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта од лицето кое управувало со цистерната за да можат да ја одредат точната локација каде што се наоѓа цистерната“, соопшти ЦУК.