Една жена загина, а неколку луѓе се повредени кога камион влета во група пешаци во петокот во центарот на југоисточниот германски град Пасау, соопшти германската полиција.
Полицијата соопшти дека првичните резултати од истрагата укажуваат дека се работи за несреќен случај.
Возачот на камионот е повреден и е хоспитализиран. Уште четири лица се тешко повредени, меѓу кои и 11-годишната ќерка на загинатата 37-годишна жена.
Несреќата се случила околу 9 часот и 50 минути, а на местото набрзо пристигнале бројни припадници на полицијата, прва помош и пожарникари.
Германските медиуми објавија дека камионот удрил во излог, но портпаролката на полицијата не можела да го потврди тоа. Брзината со која се движел камионот и возраста на жртвите се уште не се соопштени.
Пасау, град со околу 50.000 жители, се наоѓа на границата со Австрија.